Жени жртви на насилство

Адаптирана програма за жени за жртви на насилство

Родово базирано насилство е глобален феномен чии последици влијаат врз животите на жените и девојчињата ширум светот. Родово базирано насилство е глобален феномен чии последици влијаат врз животите на жените и девојчињата ширум светот.

Комитетот CEDAW (Конвенција на Обединетите нации за елиминација на сите облици дискриминација врз жени, усвоена 1979 година) од 1992 година, родово базирано насилство претставува „секој чин на насилство базирано на родова/полна основа кое како исход има или може да има физички, сексуални или психолошки последици или страдање на жената, вклучувајќи и закани со такви дела, присилба или одземање на слободата, без оглед дали се случува во приватниот или јавниот живот.

Резултатите од истражувањата покажуваат дека во Република Северна Македонија, 60% од жртвите на семејно насилство се на возраст од 30 до 64 години. Поголемиот дел од сторителите на насилство во семејството се мажи, во 62% од случаите. 33.7% од испитаниците мажи и жени изјавиле дека во текот на животот биле изложени на некој вид насилство во семејството. Преваленца за физичкото насилство е 2.1% кај мажите и 6.1% кај жените, додека преваленцата за сексуално насилство врз жените е 1.5%. Распространетоста на физичкото насилство врз жените е поголема во руралните средини, додека стапката на пријавување физичко насилство е поголема во урбаните средини. 80% од жените жртви на насилство, се невработени и неактивни, со завршено основно или средно образование, при што зачестеноста на изложеност на насилство се зголемува со намалувањето на образованието.  Според етничките групи, поголемиот број пријавени случаи на физичко насилство е концентриран меѓу Македонците (79% од случаите), но преваленцата е најголема меѓу Ромите и генерално поголема од сите останати етнички групи. Во 74% од откриените случаи на сексуално насилство жртвите се од македонска националност, но најголема преваленца е најдена кај Турчинките (9%) (Поповска, Рикаловски и Виљагомез, 2012). 

Според досегашните достапни податоци за влијанието на пандемијата на вирусот Ковид-19, која трае од почетокот на 2020 година, може да се очекува зголемување на бројот на жртвите на родово базирано насилство и како последица на тоа, сериозно загрозување на животот, физичкото, сексуалното, репродуктивното и менталното здравје и добробит на жената.


 [KM1]Референца