ЗА СОЦИЈАЛНОТО МЕНТОРСТВО
Социјално менторство е социјална иновација произлезена од потребата за водење и советување за полесен влез и останување на пазарот на труд, особено на оние кои што се најдалеку од него, фокусирајќи се на нивните афинитети и потенцијали.Станува збор за приод кој опфаќа алатки што им овозможуваат на тешковработливи луѓе да ги препознаат своите силни страни, да бидатмотивирани охрабрени да се вклучат на пазарот на труд, но, клучно – и да се задржат таму.
При дизајнирањето програми со намера за вработување на лица кои се соочуваат со потешкотии при интеграција на пазарот на труд имаме “тенденција да скокаме во решенија”. При тоа, поради ургентноста од потребата за вработување, често ги прескокнуваме најважните предуслови за настанатите вработувања да станат одржливи. Така, ги превидуваме капацитетите на долгорочно невработените лица, ги превидуваме нивните вистински потреби, фактичката состојба во која оперираат, а која често подразбира отсуство на социолошки и работно култивирани навики и однесувања, а понекогаш и екстремно комплексни контексти во кои што живеат.
Така, со еден реален поглед врз програмите за вработување и нивните резултати, можеме да прикажеме “бројки” во вработувањата, но во исто време можеме да посведочиме и за недоволната отвореност на менаџментот во компаниите за реалните состојби на нововработените лица, недоволна јасност за обврските и улогата во интегративниот работен процес на вработените и како последица на тоа – сведочиме и екстремно девијантни услови во кои што работниот циклус се случува, чести злоупотреби и конечно, слаба ретенција, односно откажување од работниот однос, независно дали инициран од работодавачот или од вработениот.
Социјалното менторство како методологија вкоренета во причините и фактичката состојба на теренот, успева да изгради алатки и методи кои не се базирани врз претпоставки. Нејзина отвореност за брзи промени во пристапот и форматот на алатките ја овозможува динамичноста која соодветствува со таа на теренот.
Скелетот на методологијата е поставен во Република Северна Македонија, но низ партнерство со ГИЗ постојано се надополнува со локалните контексти и потреби на различни маргинализирани групи од земјите од регионот.
Едукативната програма за социјален ментор/ментор за работна интеграција има за цел да го активира личниот и професионален капацитет на професионалните кои работат со маргинализирани лица за да ги осознаат и утилизираат есенцијалните динамики во еко-системот за вработување во околината и да издизајнираат најсоодветен пат за менторираното лице, користејќи ги понудените алатки, искуства и ресурси што социјалното менторство како методологија ги овозможува.
Со еден збор, оваа методологија има за цел да го надополни личниот капацитет на професионалците да водат трансформативна промена во локалната заедница.
Едукативната програма за социјално менторство гради и заедница на социјални ментори од други региони и градови, гради заедница која е свесна за вистинските потреби на теренот и која може да сугерира пристап кој води кон одржливи решенија.
Социјално менторство е социјална иновација произлезена од потребата за водење и советување за полесен влез и останување на пазарот на труд, особено на оние кои што се најдалеку од него, фокусирајќи се на нивните афинитети и потенцијали. Станува збор за приод кој опфаќа алатки што им овозможуваат на тешковработливи луѓе да ги препознаат своите силни страни, да бидат мотивирани и охрабрени да се вклучат на пазарот на труд, но, клучно – и да се задржат таму.
ШТО ЌЕ УСОВРШИТЕ
КОИ КАПАЦИТЕТИ ГИ НАДОГРАДУВАТЕ
Освестување и осознавање на сопствениот личен и професионален потенцијал, кој всушност е лидерски капацитет со потенцијал за најдлабока општествена промена
Личен капацитет за длабоко слушање, посветено набљудување и дијалог (наместо дебата)
Практики на ко-креирање (со вашата група ко-студенти, инструктори, менторирани лица и други чинители) за креирање иновативни и одржливи пристапи кои се од директна корист за трите чинители во дотичниот еко систем – бизнисите, институциите, нововработените лица
Алатки за ...
Syllabus
ОРИЕНТАЦИСКИ МОДУЛ
Во модулот за запознавање со принципите на Социјалното менторство ве информираме за основните елементи на методологијата - Социјално менторство, за прогресот во препознавањето на новата професија – Социјален ментор и за контекстите што таа ги носи во еко системот за вработување на тешко вработливи лица но и во други потенцијални контексти.
Во овој модул ќе се запознаете со пошироката слика за можната општествена промена во оваа сфера и вашата улога во неа.
Конечно, овој модул носи јасност за тоа како технички функционира образовниот процес низ останатите 5 модули, кои се форматите низ кои ги носиме материјалите и кои се вашите обврски во текот на целата програма.
Ова е и место за споделување на каква и да е дилема што можеби ја имате во однос на програмата и вашата идна професионална оријентација во нејзините рамки како и место за првично споделување идеи и индивидуални и групни потреби и преференци.
Кој може да се приклучи овој курс